Пропаѓањето на бракот на Харис и Мелина Џиновиќ во последните денови е една од главните теми, која сега ја коментираше и Дара Бубамара.
Откако се осврна на разделбата на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, Бубамара во Амиџи шоу беше прашана дали е шокирана од разводот на фолкерот и дизајнерката.
– А за Харис, што да слушаме кој кого изневерил?! Мислам дека треба да си достоинствен и да не кажуваш такви работи јавно. Но, повторно велам, никого не обвинувам, бидејќи сите сме различни – изјави таа и додаде:
-Ако ми е тешко ќе плачам дома, но достоинството не ми дозволува да зборувам за тоа. Само да сме живи и здрави…Сама заработив станови и станови, но најубавото време ми беше кога живеев со мама, тато и брат ми во 33 квадрати – изјави Дара кај Амиџиќ.
фото:Instagram printscreen/ darabubamara_official