Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица, која во последно време е целосно посветена на бројните настапи и обврски, сега полека се враќа на својата тренинг рутина. Поради напорниот распоред често немала време за физичка активност, иако е позната по тоа што се грижи за своето здравје и фигура.
Иако нејзините настапи и обврски се приоритет, Бресквица сега сподели слика на Инстаграм по напорниот тренинг.
На фотографијата пејачката позира во тесна маица и хеланки кои ја истакнаа нејзината извајана фигура, додека напиша:
– Половина година без тренинзи, полека се враќаме.
Оваа објава не е само инспирација за нејзините следбеници, туку и потсетување на посветеноста што пејачката ја вложува во својот физички изглед и покрај напорната и стресна работа.
фото: printscreen/instgaram