Цеце Орешкова, сега Георгиев некогаш беше една од најпознатите македонски манекенки и најхрабри фото модели кои чекореле по модната писта. Откако ја заврши таа фаза од животот, манекенството речиси комплетно ги замени со нова страст… Коњите! Тие станаа не само нејзина нова пасија туку и многу повеќе од тоа. Еден вид домашни љубимци, најверни пријатели, спортски придружници, а сега и бизнис партнери…

Имено не само што ги одгледува, туку и како женски џокеј освојуваше коњички награди со нејзината „прва љубов“, грлото Чарли, кое за жал замина во вечноста, туку коњите постанаа нејзина нова љубов, во која кога „ќе се зацапаш“, тешко дека има одглавување. А љубовта, прва или втора, стара или нова, која, каква и кон кого и да била, ако не е од душата излезена, од срце подарена и споделена, не е љубов. Особено ако не си искрена и не ги сакаш колку и себе си и оние кон кои таа љубов е безусловна.

А во таква љубов многу повеќе ти следува сплотување со животното и неразделна дружба со него и тоа до таа мерка што со тек на времето ќе почнете дури и да си „заличувате“ еден на друг … Во ликот не – секако, ама затоа пак во однесувањето…!

Жив доказ последната случка на новото одредиште, едукативниот ранч центар за деца , а и за возрасни – „Чарли“ кој го носи името на „првата љубов“ на газдарицата, каде нејзините нови пулени им стојат на располагање на сите заинтересирани за дружба, едукација, релаксација, па и своевидна психотерапија!
View this post on Instagram
А денот таму почнува со насмевка, огледана во едно утринско селфи! Таква е сега модата, џабе ако сите не знаат колку си расположен и среќен, а кај ќе бидеш видена најмногу мадам, ако не на Инстаграм.

Затоа Цеце решила како некогашна искусна манекенка и топ модел заедно со нејзиниот „селфи партнер“ да удри едно заедничко утринско кадро, колку за Добро утро. Таа отсекогаш знаела како да позира и тоа не е спорно, ама кога ќе видите што тој научил од неа, бргу ќе сфатите дека научил тоа да го прави дури и многу поарно!

Таа со бисерна насмевка, тој/таа со напучени усни, налик на најпознатите македонски инфлуенсерки… А вие бирајте каде ги гледате, дали директно во очи, домаќинката во белите заби или евентуално малку подолу… Во длабокото деколте полно бујни гради!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/cecegeorgiev/checkpoint_charly_ranc




