Радио Милева ја научила лекцијата

„Бев љубовница“: Шокантна исповед на Јована Јеремиќ (фото)

„Бев љубовница“: Шокантна исповед на Јована Јеремиќ (фото)

Водителката Јована Јеремиќ, покрај актуелните случувања во реалното шоу, направи шокантна исповед дека во младоста била љубовница и дека воопшто не жали за тоа.

– Секој има право еднаш да биде љубовник. Да, јас бев љубовница, сите сме биле  во одреден момент. Но, не знаете зошто некој бил. Можеби тој човек ја лажел таа девојка. Нема да зборуваме за тие девојки кои беа изманипулирани. Кога еднаш си била љубовница и си ја научила лекцијата, немаш право по втор пат да бидеш љубовница – рече Јована, мислејќи на оние жени кои свесно влегуваат во врски со зафатени мажи, знаејќи истовремено дека тие се различни. За таквите, тврди Јована, следува посебна казна.

– Има и такви кои се занимаваат со тоа, а јас зборувам баш за тие љубовници. Би ги запалила на клада тие што го имаат тоа занимање – рече Јована.

Инаку, Јована повеќе од четири месеци ужива во врска со бизнисменот Драган Станковиќ, а дека нивната врска е сериозна, потврди и водителката кој ги откри нивните планови за во иднина. Јеремииќ призна дека Драган купил парцела на која за двајцата гради вила која симболично ќе се вика Јована.

– Вилата ќе го носи моето име и, морам да кажам, ќе биде наша оаза. Ќе имам сауна, мини-теретана и базен. Планирам да имам уште пет вили, во Шпанија, Монте Карло и така натаму – изјави водителката на емисијата „Минско поле“.

фото: printskrin/jeremicjovana

To top