Пејачката Наташа Беквалац имала непријатно искуство со германската полиција за време на нејзиниот тамошен престој.
Наташа сподели фотографија од сметката за платената сообраќајна казна на својот Инстаграм профил, откривајќи ги деталите за инцидентот.

Според објавениот документ, прекршокот се случил на, 21 март 2026 година, во 14:28 часот, на автопатот А81 во близина на Констанц. Како што е наведено во записникот, пејачката направила прекршок како патник во возило „Рено“ бидејќи не користела сигурносен појас.

Според правилата во Германија, казната е наплатена на лице место во износ од 30 евра, што е потврдено со сметката што Беквалац ја споделила со своите следбеници.
Патем, Наташа моментално престојува во Штутгарт, каде што има закажан настап, а со ова соопштение испрати и порака до сите да се грижат за безбедноста и да носат сигурносен појас.
фото:instagram printscreen/bekvalceva







