Популарната фолк-пејачка Барбара Бобак вели за себе дека е „битанга“, па затоа е сама и момците немаат секогаш храброст да и пријдат.
– Кога ме прашуваат за поранешните момчиња, не сакам да зборувам за тоа бидејќи тоа е нешто што се случило. Не сакам да зборувам за минатите љубови! Во принцип, се чувствувам како да не сум подготвена да зборувам за тоа – рече таа, пренесува Пинк, додавајќи како сега гледа на љубовта:
– Попродуктивна сум кога сум сама. Кога имаш партнер, не можеш да се посветиш на работата. Љубовта не ме засега… Супер сум кога сум сама, не ми недостига. Што се однесува до маж, јас немам конкретен тип. Сите имаа убави заби, тоа го забележав. Нека биде само добар човек и никого да не нервира. Би ги избегнувала луѓето од јавната сцена, а јас би сакала сето тоа да го чувам во тајност. Јас сум голема „битанга“, затоа сум сама, но океј. Како што кажав, не се жалам – искрена била пејачката.
фото: printskrin/instagram/barbara.bobak