Мегафон музичкиот феномен на Антички...

Балканската сензација Јаков Јозиновиќ ова лето гостува во Охрид

Балканската сензација Јаков Јозиновиќ ова лето гостува во Охрид

По рекордно распродадените концерти низ целиот регион, турнејата „Ја за чуда летим“ продолжува со незаборавен музички спектакл и покрај Охридското Езеро, каде феноменот наречен Јаков Јозиновиќ својот музички раскош ќе го сподели и со охридската публика.

На 3 август, со почеток во 20:00 часот, сцената на Античкиот театар во Охрид ќе стане место каде што музиката, емоцијата и магијата се спојуваат во едно. Под отворено небо, во прегратките на Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност да доживее вистинско музичко патување, вечер исполнета со носталгија, страст и безвременски хитови.

Јаков Јозиновиќ важи за еден од највпечатливите нови гласови на Балканот, уникатен по интерпретацијата, харизмата и искреноста на сцената. Неговите настапи се повеќе од концерти, тие се вистинско доживување што ги поврзува генерациите преку песни од најголемите музички имиња од екс-Ју просторите, пренесени со свежа енергија и личен печат.

Охрид, со својата неповторлива атмосфера, ќе биде совршена сцена за оваа музичка приказна – ноќ под ѕвездено небо, исполнета со емоции што допираат длабоко и оставаат трага.

Влезниците за концертот во организација на Евентум продукција веќе се пуштени во продажба преку мрежата на https://e-ticket.mk/.

To top