Хармоникашот Аца Софронијевиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со признанието за финансиските ризици што ги презел во текот на кариерата, кога за време на пандемијата останал без ниту еден денар.
Како што открил Софронијевиќ, за време на пандемијата на коронавирусот одлучил сè што заработувал со години да вложи во опремување на музичко студио, поради што во еден момент останал целосно без пари.
„Опремата е од различни делови на светот и благодарен сум им на луѓето кои ми овозможија сето тоа, бидејќи сè беше прескапо. За време на короната ги потрошив сите пари што ги имав на сметките. Верував дека сето тоа ќе помине, дека повторно ќе почнеме да свириме и никогаш од ништо не се плашев“, раскажал Софронијевиќ.

Музичарот истакнал дека парите никогаш не му биле примарен мотив, но дека во работата влегол борбено за да си обезбеди егзистенција.
„Никогаш немав финансиска цел во музиката, а сите тргаме „по леб“ и сите се трудиме да заработиме што повеќе, тоа е во природата на човекот, но мене никогаш не ме водело тоа и не ми го одредувало правецот во кој ќе се движам.“

Аца Софронијевиќ се присети и на своите почетоци во „Гранд“, истакнувајќи дека клучните лекции за опстанокот на естрадата ги научил токму од Саша Поповиќ, како и дека оркестарот секогаш го води со мотото дека тимот победува.






