Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа извонредно музичко ремек-дело. Насловот на новата нумера е “Аман”, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: “Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”.
Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа одлична композиција, а Антониа како и секогаш, брилијантно да ја пренесе таа емоција на публиката.
Песната беше објавена вчера, (недела, 4-ти мај 2025) на сите музички платформи, а коментарите за овој музички проект се и повеќе од позитивни.
„Аман се случи многу спонтано… Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Коментарите од луѓето се сите позитивни, што за песната што за изгледот, а и за спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека ‘Аман’ ќе допре до сите!” – вели младата пејачка.
Она што е важно да се напомене е дека “Аман” е новата песна од вториот студиски албум “Жена”. Инаку спотот запесната беше сниман уште пред повеќе од еден месец во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена.
Слушнете ја песната и погледнете го спотот кои можете да ги проследите во продолжение…