Радио Милева задругарката со апел

Анѓела Вештица нуди помош за семејствата на настраданите во Македонија: „Што и да треба спремна сум да …“ (фото)

Анѓела Вештица нуди помош за семејствата на настраданите во Македонија: „Што и да треба спремна сум да …“ (фото)

Поранешната „задругарка“ Анѓела Вештица се огласи по страшната трагедија што ја снајде Македонија, каде загинаа 59 лица, кога ноќта меѓу саботата и неделата избувна пожар во дискотека во Кочани.

Откако добила информација дека деца и млади од Македонија се донесени на лекување во Србија, Анѓела истакна дека сака да помогне и да згрижи семејство, за да им го обезбеди тоа што моментално им е потребно.

– Подготвена сум да земам едно семејство (најблиску до повредените) и да обезбедам храна, сместување и превоз онолку долго колку што е потребно. Можете да ме контактирате преку ДМ – напиша Анѓела и ги повика колегите да го сторат истото:

– Ги замолувам сите јавни ДОБРИ луѓе кои се способни да го направат истото или слично. Благодарам – напиша Анѓела Вештица.

Инаку, во Србија се префрлени околу 20- тина пациенти.

фото:Instagram printscreen/therealandjela

To top