Полека се ближи финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а како во минатата, така и во оваа сезона Македонија има одлични претставници, од кои некои се и сериозни фаворити за едно од првите три места.
Меѓу нив секако е и атрактивната пејачка Андријана Петрушовска, која во саботата обезбеди пласман во четвртфиналето на ова регионално музичко талент шоу. Петрушовска овојпат малку се „помачи“, па пласманот понатаму го обезбеди преку бараж, што предизвика расправии помеѓу жири-комисијата, токму по нејзиниот настап.
View this post on Instagram
Имено, во дуелот со својата противкандидатка, нашата Андријана на крајот доби помалку гласови, а тоа беше причина за кавга помеѓу Ана Бекута, Драган Стојковиќ – Босанац и Мили од една страна, а Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓурушиќ и Ѓорѓе Давид од другата страна. Непријатната ситуација на сцената која траеше неколку минути емотивно ја погоди македонската пејачка, па на моменти можеа да се видат и солзи во очите на нашата Андријана.
Но, како што старата поговорка вели: „Се’ е добро штом добро ќе се сврши“, најважно од се’ е тоа што Петрушовска обезбеди пласман понатаму.
Инаку Андријана полека, но сигурно станува една од мошне бараните пејачки кога се во прашање живите настапи, а доказ за тоа е многубројната публика секаде каде таа настапува со својот бенд.
View this post on Instagram
Во продолжение погледнете ја и потсетете се на расправијата помеѓу жири-комисијата: