Радио Милева „слатка горчина“...

Андријана Петрушовска сфати дека кармата не (мора да) е кучка: „Гранд ѕвездата“ го почувствува вкусот на одмаздата или истата за некого кришум ја подготвува… само за кого? (ФОТО)

Андријана Петрушовска сфати дека кармата не (мора да) е кучка: „Гранд ѕвездата“ го почувствува вкусот на одмаздата или истата за некого кришум ја подготвува… само за кого? (ФОТО)

„Огледалце, огледалце…“ – се воведните зборови на старата добра бајка за Снежана. Арно ама огледалото не мора да биде само „стакло  за одраз на убавината“, туку и синоним за многу повеќе од тоа. Затоа неретко велат пред нешто да кажеш, сториш или направиш, погледни се најпрвин во огледало… За да можеш утре одново да се погледнеш в очи, а  тоа да биде со чиста совест! Зашто се’ се враќа, се’ се плаќа, судбината е „стара проверена ку*ва“, а кармата кучка… Или можеби не мора да биде?

Тоа по се’ изгледа добро го сфатила и Андријана Петрушовска… Дека кармата баш и не мора да е кучка… што веднаш р’жи и бесно лае, агресивно напаѓа и на прва каса… Не! Туку може да биде и сосема поинаква, а сепак да е карма. Многу поефектна и поболна за оној, кому како бумеранг му се враќа!

Имено, сексапилната убавица на својот Инстаграм споделила несекојдневна порака, која многумина зачуди, а можеби најмногу неа. Зашто за да се повикаш на кармата, многу е извесно дека мора да си ја почувствувал(а) нејзината горчина!?

„Кармата е кучка? Не душо, кармата е елегантна, мудра и зрела. Кармата мирно ќе ве седне и ќе ви послужи чај. Подоцна ќе сфатите дека чајот бил измешан со истиот отров што го служевте на другите со години“ – споделила пејачката со што ја изненади и замисли јавноста.

Оттаму прашањето дали  тоа „Гранд ѕвездата“ го почувствува вкусот на одмаздата или истата за некого кришум ја подготвува…? Единствено остана дилемата – само за кого? Кому му е упатена „шифрираната порака“ на Андријана полна со „слатка горчина“?

Професионално на некој(а) од конкуренцијата или некои од луѓето врзани за естрадата или е во прашање нешто сосема лично и многу приватно?  Засега најдобро знаат само таа и… одразот во огледалото!

Фото: Инстаграм/andrijanapetrushovska

To top