Радио Милева радост за сите

Андријана Петрушoвска јавно му се обрати на победникот на „Ѕвездите на Гранд“: „Ова шоу покажа само едно…“

Андријана Петрушoвска јавно му се обрати на победникот на „Ѕвездите на Гранд“: „Ова шоу покажа само едно…“

Никола Станишиќ од Скопје е победникот на 18-тата сезона на популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое се одржа изминатиот викенд и го закружи циклусот од изборот на најдобриот вокал од регионот.

Многупати досега се покажало дека Македонците гарантирано доминираат кога изборот на теленти е во прашање, а тоа уште еднаш го потврди и победата на Станишиќ.

УСПЕАВМЕ!!!

Неможам уште да поверувам што се случи, не стигнав порано да ви се обратам затоа што незнам што ме снајдее телефонот ми блокира!!
Сега полека ќе ја отворам секоја ваша порака и да знаете дека многу ми значи се..
ПРЕСРЕЌЕН СУМММ!!!
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ!!!!
СЕ ПОТРУДИВ МАКСИМАЛНО ДА ГО ОПРАВДАМ СЕКОЈ ВАШ ГЛАС!
ВЕ САКАМ!!!!

Се радуваа многу поддржувачи на Никола, се радуваше и македонската јавност која го следи шоуто. Меѓу честитките прва му се обрати минатогодишната учесничка и третопласирана во финале, скопјанката  Андријана Петрушовска која претходната година заедно со Мики Секуловски исто како да победија со второто и трето место.

-Честитки за големата победа! Музиката ти е во крвта и ова шоу само го покажа тоа пред целата јавност. Напред кон нови успеси! – му порача Петрушовска на побеникот.

За потсетување, Никола Станишиќ е третиот македонски победник во „Ѕвездите на Гранд“. Прв беше охриѓанецот Ристе Ритески.  Тој тогаш победи според гласовите на публиката, додека првото место од страна на жирито го освои Алекса Перовиќ. Во 2023 година победничка беше и струмичанката Славица Ангелова.

фото:Instagram printscreen

To top