Најпознатата, но и најсексапилна фитнес инструкторка, велешанката Ана Стојанова постојано ги бомбардира социјалните мрежи. Или со свои фотографии и видеа, со нови програми и совети, летни предизвици… Важно е константно да е присутна и нејзината програма и совети за здрав живот 24/7 да им бидат достапни на нејзините следбеници.

Екипата и е воглавном составена од понежниот пол иако и понекој маж знае да им се придружи.

Оние кои најмногу воздивнуваат на нејзините видеа и фотографии се ликови што нон-стоп „киснат“ на социјалните мрежи.

А како и не би, кога Ана секогаш има што да понуди од својот раскошен телесен потенцијал, што делумно и го дале Бог и мајката природа, а останатото го надградила естетската хирургија.

Но, иако Ана Стојанова секогаш има што да покаже, овој пат имаше и нешто многу важно да каже.

Никој не мораше неа да ја гледа, доволно беше само да прочита или да ја слуша, зашто порача нешто што секому топ(л)и душа!

Имено, на првиот ден од месец септември за прв пат атрактивната велешанка јавно ја покажа жената која ја родила. И то не случано, туку со повод, честитајќи и го роденденот преку својот Инстаграм. На дамите секако не им се бројат годините, но затоа она што Ана и го посака на жената на нејзиниот живот, на многумина им го разгали срцето.

И не случајно, зашто една е мајка, а дамата која ја родила Ана Стојанова изгледа во најмала рака како да и постара сестра, а не мајка. Средена, стокмена, дотерана атрактивна госпоѓа, која е „најголемиот виновник“ за она што нејзината ќерка е денес, како што напишала и самата Ана во објавата! Заедничката фографија е само потврда дека „крвта не е вода“, а и гените прекрасно „се пресликале“ од нејзината мајка во атрактивната фитнес инструкторка!
Фото: Инстаграм/annstojanova







