Водителката на „Ѕвезде Гранда“ Ана Севиќ важи за една од најубавите на српската јавна сцена, а многумина ја нарекоа џебна Венера.
Сега таа ги покажа сите атрибути и објави фотографија во костим за капење која предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Ана носи минијатурно жолто бикини со цветени апликации и го покажа своето извајано тело додека се сончаше и ја подготвуваше својата боја за лето.
– Да не бидам бисерно бела – порача Ана на својот Инстаграм профил со песната „Ламборџини“.
Со оглед на тоа дека е мајка на три деца и дека е затегната, многумина се прашуваат како успеала да ја одржи фигурата.
Инаку, малкумина знаат дека Ана Севиќ е висока 159 сантиметри, што неодамна го потврди во интервју за Гранд.
-Искрено, обожавам да носам штикли и не можам да одам без нив, но навистина се навикнав да стојам десет часа во штикли. По снимањето одам на рехабилитација, бидејќи не носам под 15 сантиметри – се пошегува таа по снимањето на „Ѕвезда Гранда“.
фото:Instagram printscreen/ anasevicofficial