Радио Милева нов лист

Ана Николиќ направи промена – нова фризура, нов почеток по бурната разделба со Рале

Ана Николиќ направи промена – нова фризура, нов почеток по бурната разделба со Рале

Пејачката Ана Николиќ неодамна се најде во центар на скандал, кога раскина со композиторот Горан Ратковиќ Рале, а сега реши да сврти нов лист и да направи промени.

Овој пат, Ана одлучи да ја промени фризурата, и како што откри, самата си ја скратила косата. Не била задоволна од резултатите, па отишла кај пријателот кој е фризер да ѝ помогне.

– Којзнае, којзнае… Јас сама си ја истрижав косата, а тој само малку ја среди и тоа е тоа. И сега целиот град ќе бара токму ваква фризура, но кога ќе ги среди, повторно ќе ја промениме – рече Ана Николиќ во објава што ја сподели на својот Инстаграм.

Да ве потсетиме дека Ана Николиќ го пријави Рале за насилство. Инцидентот се случи во куќата на Рале на Авала.

Foto: printscreen/instgaram/ananikolic

To top