Пожарите низ Калифорнија уништија стотици домови, вклучувајќи ги и луксузните куќи на познати личности.
Според странските медиуми, пожарите ги однесоа и првите жртви, додека ширењето на пламените јазици сѐ уште не е запрено.
Повеќе од 130.000 луѓе се евакуирани од загрозените области, а меѓу нив е и познатиот холивудски актер Харисон Форд (82).
Славниот „Индијана Џонс“ го напуштил својот луксузен имот во Брентвуд, купен во 2011 година за 12,6 милиони долари, со празни раце, придружувајќи им се на соседите во безбедна област.
Форд е виден во лежерна облека – фармерки, темна маица и капут – додека неговата сопруга Калиста Флокхарт (60) се уште е во Њујорк поради деловни обврски, како што откри на неодамнешните Златни глобуси.
View this post on Instagram
Актерот изгледал вознемирено додека гледал колкава е штетата што пожарот ја предизвикува во неговата околина и домовите на неговите колеги, соседи и пријатели.
Многу познати личности се соочуваат со катастрофални загуби, со уништени нивните домови вредни милиони долари. Дури и омилените ресторани на богатите и славните исчезнаа во пожарите кои со денови го пустошат Лос Анџелес и околината. Ситуацијата и понатаму е критична, а противпожарните екипи постојано се обидуваат да го локализираат пожарот.
фото: printscreen/instagram