Актерката Трина Мекги, која се прослави со улогата на Анџела Мур во популарната детска серија од деведесеттите „Момчето го запознава светот“, на 54 години го чека четвртото дете.
Трина радосната вест ја објави на социјалната мрежа Инстаграм, по што доби грст честитки.
„На 54 години дознав дека сум бремена. Благословете не со вашите молитви за безбедно породување“, напишала Трина во објавата на споменатата социјална мрежа, а како што понатаму објаснила, поради бременоста донела одлука да се одмори од јавните настапи и социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Се слеваа честитки, а имаше и поединци кои не можеа да поверуваат дека таа забременила на таа возраст и дека всушност ќе роди дете, иако има одредени ризици.
„Во шестата деценија жена забременила и ќе се породи! Мислам, честитки, но како?“, „Нема шанси, туку честитки“, се само дел од коментарите.
Инаку, Трина Мекги со нејзиниот поранешен сопруг Кортланд Дејвис има две деца и едно дете од претходната врска, а со актерот и продуцент Марсел Тедфорд е шеснаесет години во среќен брак, а се запознале на снимањето на филмот на Силвестер Сталоне. „Дневна светлина“, пред дваесет години.
View this post on Instagram
Актерскиот ангажман на Трина можевме да го видиме во 2015 година во серијата „Girl Meets World“ која се емитуваше на Дизни каналот, а минатата година таа ја глумеше Талија во филмот „Соученици“.
фото:Instagram printscreen/ trinamcgeeofficial