Има една прекрасна фраза: не е важно каде си, туку со кого си! Но, пред да се запрашате дали сте го избрале вистинскиот партнер, треба да знаете што е здрава врска…
Ова се знаци дека сте во здрава врска:
Никој не игра игри
Ако сте во здрава врска, луѓето се стремат кон компромиси и не се љубоморни. Доколку се појават проблеми во врската – решете ги заедно, не молчете и не ги одложувајте договорите.
Потребите се јасно изразени
Веднаш кажете му на партнерот што очекувате од врска, брак… Ако мажот не е подготвен за одговорност, тогаш не е за вас.
Способност да се зборува искрено
Обидете се да бидете што е можно поискрени со партнерот, никој не може да ви ги чита мислите. Комуникацијата не е само важен детал, туку и клучен дел од врската.
Љубовта се докажува со дела
Забележете ги малите нешта! Љубов е кога маж ти ќе ти свари чај, ќе те покрива навечер, ќе ти ја загрее вечерата… Празните зборови се бескорисни.
Способност да не се кријат чувствата
Ако сте во можност да ги споделите и добрите и лошите емоции со вашиот партнер, тогаш сте со вистинската личност.
Чувство на слобода и соработка
Ако не се чувствувате заробени, се развивате и го постигнувате она што сте го сакале со поддршка од партнерот, тогаш сте во здрава врска. И запомнете, тимската работа е најплодна.
Личниот раст зазема важно место
Здрава врска е онаа во која луѓето успеваат да ги откријат своите најдобри квалитети. Мажот и жената треба да се поддржуваат еден со друг.
Другите не можат да влијаат на вашата врска
Запомнете, мислењата на другите луѓе не се важни. Важно е само она што вие и вашиот партнер го чувствувате како правилно. Затоа, доколку има некаков проблем во врската, луѓето во здрава врска сами си ги решаваат проблемите без да вклучуваат трето лице.
фото:Freepik
извор:popara