Адел на својот концерт во Лас Вегас покажа дека не може да се носи со коментари од публика.
Имено, некој од публиката извикал „Гордоста е ср*ње!“, а пејачката го прекинала концертот.
„Дојде на мојот е*ен настап и рече: „Гордоста е ср*ње“? Дали си ти е*ено глупав? Немој да бидеш толку смешен“, луто му возвратила Адел.
Adele checks homophobic audience member who yelled “Pride sucks” during her concert:
“Are you f*cking stupid? Don’t be so f*cking ridiculous. If you have nothing nice to say, shut up, alright?” pic.twitter.com/eQbsyySxEK
— Pop Crave (@PopCrave) June 2, 2024
„Ако немаш ништо убаво да кажеш, замолчи, во ред?“, му се обратила таа по што фановите ја поддржале со аплауз од публиката.
За потсетување, Адел низ годините ја поддржуваше ЛГБТ заедницата. Таа дури и го посвети својот настап во Белгија во 2016 година на жртвите од масакрот во ноќниот клуб на Флорида, пишува „TMZ“. Во тоа злосторство дури 50 лица беа пронајдени мртви во геј клуб.
„ЛГБТ заедницата, тие се како мои сродни души откако бев многу млада, ова многу ме потресе“, изјави пејачката тогаш за трагедијата.
фото:Instagram printscreen/ adele