Откако само пред неколку дена таа ги „запали“ мрежите со фотографии покрај базен, облечена во впечатлив црвен едноделен костим за капење со смели отвори, познатата македонска фолк-пејачка Елена Велевска по кој знае кој пат годново ги вжешти социјалните мрежи. Нејзините најнови фотографии за кратко време собраа бројни реакции, а следбениците не престануваат да ја опсипуваат со комплименти.

Овој пат Велевска блесна во елегантен тиркизен фустан кој совршено ја истакна нејзината „сексиљава“ фигура. Но, два детали беа главна тема меѓу обожавателите. Прво што ги разбранува страстите беше високиот страничен шлиц, кој ги нагласи нејзините долги нозе и му даде дополнителна доза на гламур и заводливост на целиот изглед.
View this post on Instagram
Покрај впечатливиот стајлинг дополнително возбудата ја зголеми до неподносливи граници и препознатливото деколте, на кое многумина не останаа „наежени“. Иако пејачката јавно ѝ се заблагодари на својата мејкап артистка Мери, упатувајќи ѝ комплименти кои навистина ги заслужува, сепак шминката падна во втор план зашто телесниот раскош на пејачката сепак доминираше онака дискретно, а сепак конкретно излезен на мегдан!

И ако заради бикини изданието, бројни следбеници минатиот пат ја споредија со легендарната Памела Андерсон од култната серија „Чувари на плажата“, сега коментарите заминаа во друга насока.

Имено, тиркизниот стајлинг и мејкапот беа подготовка на пејачката зеа еден од нејзините многубројни настапи, овој пат на еден летен фестивал, после кои вообичаено кафеанската дружба продолжува во затворен круг долго во ноќта. А таму во опуштена атмосфера Елена во прв план… Со познатата песна „Шта ќе ми живот“ и длабоко деколте ала Силвана Арменулиќ. Елена налик на фолк легендата и во изгледот и во песната.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/evelevska



