Пејачката Емина Јаховиќ на својот Инстаграм профил сподели слики во бикини и ја покажа совршената фигура.
Емина ужива во летниот одмор, а фотографиите од морето ги запалија мрежите. На песочната плажа таа позираше во бикини на дезен со ленти, кој совршено ја истакна нејзината витка фигура и потемнет тен.

Околу вратот имаше златна огрлица која на целокупното издание му даде доза на луксуз и гламур.
Пејачката направи неколку атрактивни фотографии во бикини додека позираше пред објективот. Самоуверените пози и широката насмевка не поминаа незабележано, па следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед. Коментарите од воодушевените следбеници само се нижеа, а многумина порачаа дека Емина изгледа подобро од кога било.

Судејќи по објавите, пејачката максимално ги користи летните денови за одмор и полнење на батериите, додека истовремено не престанува да ги воодушевува фановите со беспрекорните модни избори и природната убавина.

Инаку, познато е дека Јаховиќ со години редовно тренира и здраво се храни, па затоа не е ни чудо што во петтата деценија може да се пофали со изглед на дваесетгодишна девојка.
фото:Instagram printscreen/yaemina






