Радио Милева „едвај стои на нозе“

Го стигна уморот или нешто друго… фановите на Дарко Лазиќ загрижени по неговиот изглед на настапот во Хрватска

Го стигна уморот или нешто друго… фановите на Дарко Лазиќ загрижени по неговиот изглед на настапот во Хрватска

Фолк пејачот Дарко Лазиќ редовно настапува и ги полни клубовите, а синоќа имаше тезга во еден клуб во Хрватска, па иако се трудеше да им приреди ноќ за паметење, го стигна замор, пишува српски Телеграф.

Публиката од првите тактови пееше воглас со неговите најголеми хитови, а Дарко, и покрај заморот кој можеше да се забележи, професионално го одработи настапот до самиот крај.

Сепак, на многумина не им помина незабележан неговиот исцрпен изглед. Пејачот во текот на вечерта делуваше уморно, а поединци коментираа дека на лицето и во погледот му се гледа исцрпеност, поради што се запрашаа дали станува збор за напорен темпо на настапи или за нешто друго.

И покрај тоа, Дарко не дозволи тоа да влијае на атмосферата. Сето време им беше посветен на публиката, пееше без предив, а кога обожавателите му приоѓаа за да се фотографираат со него, секого го испочитува со насмевка иако повеќе не можеше да стои на нозе, пренесува Телеграф.

фото:instagram printscreen/ darkolazicofficial

To top