Познатата македонска фолк-пејачка Соња Тарчуловска се соочува со огромна животна загуба. Во неделата вечерта, таа преку социјалните мрежи ја сподели тажната вест за смртта на својот татко, оставајќи порака која длабоко ги допре срцата на сите нејзини пријатели и почитувачи.
Загубата доаѓа како уште еден тежок удар за пејачката, со оглед на тоа што нејзиниот татко замина во вечност нешто повеќе од една година по смртта на нејзината мајка.
Во своите зборови, Соња ја истакна токму таа невидлива, но моќна нишка меѓу нејзините родители – љубовта која не познава граници и која не можела да ја поднесе разделбата.

Последен поздрав до мојот татко
Тато…
Замина кај мама. Не можеше да издржиш без неа. Вашата љубов беше посилна и од времето, и од далечината.
Сега повторно сте заедно, таму каде што нема болка, нема солзи и нема разделби.
А мене ми остануваат спомените, вашата љубов и празнината.
Ви благодарам што ми покажавте што значи вистинско семејство, пожртвуваност и љубов што трае до последниот здив.Што ми помогнавте во најтешките мигови во мојот живот за да бидеме сега семејство.
Почивај во мир, тато. Прегрни ја мама и кажи и дека ми недостига исто како и ти.
Ќе ве носам двајцата во моето срце додека дишам.
Со бескрајна љубов,
Твојата ќерка Соња, стои во објавата на ужалената ќерка.
Веднаш по објавувањето на заедничката фотографија, социјалните мрежи беа преплавени со илјадници емотивни реакции, зборови за утеха и искрено сочувство од колегите од естрадата, пријателите и фановите кои сочувствуваат со нејзината огромна болка.
Сочувство до семејството.
фото:Facebook/ Sonja Tarculovska





