Мегафон

„Бикини Мун“ и „Кајмак“ на Манчевски вечерва и утревечер на Скопско лето

„Бикини Мун“ и „Кајмак“ на Манчевски вечерва и утревечер на Скопско лето

Филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан вечерва(вторник) во 20.15 часот во Кинотеката на Македонија. Проекцијата е во рамките на фестивалот „Скопско лето“. Филмот ја имаше премиерата во 2018 година. Сценариото е на Манчевски, заедно со В.П. Розентал, а главните улоги ги толкуваат: Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Јановиц.

Во центар за престој за бездомници во Њујорк, документарна екипа ја наоѓа Бикини Мун Дејвис, барајќи помош и место за престој. Со широки, живи очи и широка насмевка, Бикини е провокативна, смела и динамична – а исто така е јасно дека е во тешка ментална состојба. Тврдејќи дека возела виљушкар во војната во Ирак и дека била обучена за столар, најчесто е на улица, пробувајќи да го стабилизира својот живот доволно за да ја врати својата ќерка од згрижувачки дом.

Утревечер(среда) во истиот термин ќе биде прикажан филмот „Кајмак“.

фото:Instagram printscreen/skopskoleto

To top