Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на апостолите. Црквата го празнува овој ден на 12 јули секоја година, а следниот ден е соборниот празник на дванаесетте големи апостоли заедно…
Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа се смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот на христијанството кон Европа и светот.
Кај народот, Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некои го одбележуваат како празник само до пладне, а попладне работат.
Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.







