Пејачот Харис Берковиќ негодуваше на прашањето за неговата поранешна девојка Рада Манојловиќ, на која очигледно ни името не сака да ѝ го спомене.
Берковиќ победи пред 10 години во „Ѕвездите на Гранд“, каде што важеше за еден од најдобрите фраери, но и вокали, а Саша Поповиќ му предвидуваше голема кариера. Тој во последните години речиси целосно се повлече од јавноста, па публиката ретко има можност да го види во емисиите.

Одбегнуваше да зборува за љубовта со Рада, а како што се шпекулираше — раскинаа и останаа во не баш најдобри односи.
Дека и денес не сака ни името да ѝ го спомене додека го прашуваат за Рада, докажа токму сега. Берковиќ снимаше популарен предизвик „Или-или“, каде што имаше задача да избира меѓу пејачки. Сè беше во ред додека не му беше поставено прашањето: „Рада или чоколадо?“ Харис во првиот момент се насмевна и рече: „Чоколадо!“, за веќе во следната секунда да викне: „Немој тоа!“ и го прекина снимањето.
View this post on Instagram
Да потсетиме, поранешниот дечко на Рада неодамна ја разлути јавноста кога, одговарајќи на прашањето што мисли за гостувањето на Рада на концертот на еден негов колега, даде дипломатски и малку воздржан одговор, кој сепак не ги смири корисниците на социјалните мрежи.
фото:Instagram printscreen/_harisberkovic






