Радио Милева му го краде вниманието

Таа има 38 години и три деца: Сопругата на пејачот Пеѓа Јовановиќ има тело како уметничко дело

Таа има 38 години и три деца: Сопругата на пејачот Пеѓа Јовановиќ има тело како уметничко дело

Сопругата на пејачот Пеѓа Јовановиќ, Ана Јовановиќ, го „запали“ Инстаграм со жешки фотографии во костим за капење од плажа.

Таа редовно споделува фотографии од егзотичните патувања на кои често оди, а сега ги воодушеви сите со кадри од Малдивите.

Ана овојпат позираше лежејќи на песокот во бикини во боја на кајсија, а покрај исончаниот тен, сите го коментираа нејзиното извајано тело.

Таа и по три породувања изгледа феноменално, па затоа често се соочува со прашања како ѝ успева тоа.„Добри гени. Уште подобра дисциплина. 38 години. Три деца. Нема изговори“ напиша таа во една пригода.

Одговарајќи на прашањата на нејзините следбеници, откри дека има периоди во годината кога си дава малку слобода да јаде сè што ќе посака, и истакна дека тајната е во балансот.„Работа, ред, дисциплина… Па потоа ред печење и неработење, па пак се враќам на првото и така во круг во текот на годината“, напиша таа тогаш.

фото:Instagram printscreen/anajovanovic1

To top