Летната пауза во снимањето на музичките натпревари и оваа година покрена бројни шпекулации за потенцијални измени во составите на жиријата. Иако реперот Драгомир Деспиќ, познат како Десингeрица, оваа сезона седеше во црвеното столче, од есен, како што се наведува, се подготвуваат големи промени.
Според зборовите на добро упатен извор, Десингeрица во новата сезона повеќе нема да го гледаме во судиската постава на „Пинкови ѕвезди“. Реперот оваа одлука ја донел уште пред неколку месеци бидејќи десетмесечното темпо на снимање му станало премногу напорно.

Работата со кандидатите, целодневен престој во студио до доцна во ноќта и раното утринско станување барале коренита промена на неговите животни навики, што повеќе не успева да го усогласи со приватните обврски, честите настапи и работата на новите песни.
Добро известен извор детално ги опиша причините поради кои познатиот репер пресекол да го напушти проектот:
„Десингeрица уште пред неколку месеци донесе одлука дека повеќе не сака да биде во жирито на ова натпреварување. Му беше интересно овие 10 месеци, но и пренапорно, и тоа повеќе не му е потребно. Поради ова жирирање мораше потполно да ги промени своите животни навики, да станува рано и да се средува, да биде цел ден на снимања до доцна навечер, да работи со кандидатите, но и да настапува и да ги завршува сите други приватни обврски. Тој тоа темпо повеќе не може да го издржи, па на колегите, но и на продукцијата јасно им стави до знаење дека на него не сметаат во новата сезона. Ова беше големо изненадување за сите бидејќи супер се снајде. Неговите коментари, досетки, расправии и прозивки носеа одличен рејтинг, но сега на тоа му е крај.“
Изворот понатаму наведува дека продукцијата се обидела да го задржи реперот, но безуспешно:

„Кога на продукцијата ѝ ја соопшти својата одлука, се обидоа да го одвратат од неа и му предложија добро да размисли во текот на летото. Тој јасно им кажа дека нема тие пари и услови за тој повторно да учествува во сето тоа. Особено му е драго што победник оваа сезона беше неговиот кандидат, така што на сите им покажа што умее и знае, иако многумина од жирито го потценуваа од првиот момент кога се дозна дека и тој ќе биде ментор оваа сезона. Сега си оди со полно срце. Сака да се одмори од сè и да им се посвети на песните и настапите, тоа сега му е приоритет. Можеби во наредните месеци и ќе се случи некое чудо па ќе се предомисли, но засега неговата одлука е конечна.“
Самиот Драгомир Деспиќ остана воздржан, па во кратка изјава само порача:„Па ништо не сме прецизирале потполно за следната сезона, само некои општи работи.“
Од друга страна, големи промени се подготвуваат и во таборот на конкурентското натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Фолк ѕвездата Дара Бубамара, која минатата сезона имаше договор на само една година, сега е слободна во изборот на нова работна средина, а во естрадните кругови наголемо се шушка дека токму таа би можела да го заземе местото на Десингeрица на Пинк. Дара во својот препознатлив стил ги прокоментира овие наводи и можноста за потпишување нов договор:

„Сите го знаете оној наш шоу ‘многу кошта’. Сè и сешто ќе се случува уште. Договорите се склучени до септември. Ќе биде хаос. Јас насекаде разбивам. Кој прв до девојката, негова е. Кој прв до девојката со договор, негова е. Многу кошта.“-кажа Дара.
фото:You tube printscreen






