Радио Милева извајана фигура и исончан тен

Соња Вуксановиќ, привлече внимание со провокативно селфи на Инстаграм

Соња Вуксановиќ, привлече внимание со провокативно селфи на Инстаграм

Соња Вуксановиќ, поранешната сопруга на пејачите Аца Лукас и Жељко Шашиќ, повторно привлече големо внимание откако сподели провокативно селфи на својот Инстаграм профил.

Додека уживаше на лежалка, впивајќи ги сончевите зраци, друштво ѝ правеше нејзиното домашно милениче, кое се смести веднаш до неа, дополнително надополнувајќи ја опуштената атмосфера. А во својата петта деценија, Соња повторно покажа завидна, извајана фигура и исончан тен, на кои би им завидувале дури и многу помлади девојки.

На фотографијата се гледа и детаљ што ја открива нејзината љубов кон читањето – неколку книги што беа поставени на масата до неа.

Овој пат таа престојуваше во луксузниот комплекс Порто Монтенегро, каде што уживаше во италијанската кујна. Претходните објави на нејзиниот профил, вклучувајќи фотографии од областа Тиват, потврдуваат дека Црна Гора е нејзината омилена дестинација за одмор.

Да потсетиме, Соња Вуксановиќ е позната по своите бракови со Жељко Шашиќ и Аца Лукас, со кои има две ќерки – Софија и Викторија. Таа често патува со своите наследници, особено со нејзината ќерка Софија, со која редовно посетува атрактивни туристички дестинации, кои со задоволство ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

Foto: printscreen/instgaram/sf__fashion__style

To top