Штом се појави на белградскиот аеродром, Бресквица го привлече вниманието на минувачите. Младата пејачка блескаше во елегантна комбинација, а најкоментиран беше скапиот моден додаток што го носеше во рака.
Пејачката Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, вчера, 28 јуни, пристигна во Белград, а по заминувањето од аеродромот „Жикола Тесла“, привлече внимание со својот моден избор.
Младата пејачка се појави во елегантен кафеав фустан со точки, надополнет со детали од бела тантела, додека косата ѝ беше собрана во ниска пунџа, еден од најпопуларните трендови оваа сезона. Целиот изглед го надополни со дискретни додатоци и минималистичка шминка.
Сепак, најголемо внимание привлече луксузната чанта што ја носеше. Стануваше збор за иконскиот модел на Хермес Биркин во црна боја, едно од најпосакуваните модни парчиња во светот. Во зависност од моделот, материјалот и достапноста, цената на оваа чанта на пазарот се движи помеѓу 25.000 и 30.000 евра.
Откако го напушти терминалот, Бресквица се упати право кон паркингот, каде што ја чекаше автомобил, со кој го продолжи своето патување кон својот дом.
Бресквица неодамна успеа да привлече огромно внимание на Инстаграм, каде што објави серија фотографии од одмор во впечатливи зебра бикини.
foto: printscreen/instagarm/brrrreskvica






