Иван Јованов, фронтменот на „Либеро бенд“ по повеќе од две години откако официјално стапи во брак со својата сакана, сега сопруга Ивана, викендов нја направија и ветената свадбена веселба. Тогааш шармантната и симпатична охриѓанка беше во подмината фаза на бременоста, па затоа решија само да ги обават граѓанската должност пред матичарот и духовната волја, пред олтарот.

Пејачот вети дека свадба ќе има – ама не веднаш… Туку по раѓањето на бебето, кое се случи набргу потоа. Штркот долета во нивното семејно гнездо и на свет им ја донесе прекрасната ќеркичка која доби необично и модерно име – Ниа.

Мина првиот, па и вториот роденден на малечката кукличка, а од свадбата ни трага ни глас… Но, само се до овој викенд, 13. јуни 2026 кога Иван и Ивана за своите најблиски и пријателите приредија гламурозна свадбена веселба под отворено небо.

Во меѓувреме се омажи и неговата бивша девојка, пејачката Антониа Гиговска која заедно со својот сопруг, раперот Џокер (Роберт Спасенцовски) исто така се остварија како родители добивајќи го синчето Киан.

Деновиве Антониа правеше и промоција на новиот албум „Жена“, па беше честа гостинка во повеќе ТВ емисии и поткасти.

При гостувањето во поткастот Ништо Лично кај Антонио Димитриевски, меѓу останатото водителот ја потсети пејачката на песната „Две музике“ од Индира Радиќ, која своевремено често ја пееше при гостувањето во одредени шоу емисии, а ја беше споделила и на Инстаграм, како со тогаш нејзиното момче, пејачот на Либеро бенд, во домашни нуслови заедно си ја пејат во дует.
Стиховите на песната одат вака: „Кад се будеш женио, послаќу ти беле руже…“, па водителот ја праша пејачката дали пред две години бели ружи беа испратени? Нејзината реакција можете да ја погледнете во видеото од рилсот подолу.
View this post on Instagram
Тогаш свадба немаше, ама сега, две и кусур години подоцна – да! Свадбената веселба на Иван од „Либеро бенд“ помина, но дилемата остана: Свиреа ли викендов две музики и му стигна ли можеби на младоженецот букет бели ружи?

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa/jovanov_ivan
Видео: YouTube/Instagram-kurir.mk_official





