Македонија се враќа на Евровизија -вест која откако неодамна беше официјално потврдена од националниот сервис МРТ, особено ги израдува домашните евровизиски фанови.
Дека веќе наголемо се размислува и фаворизира за одредени музички артисти и добро познати имиња од македонската естрада, покажува тоа што на една од Инстаграм страниците на македонските евровизиски фанови, секојдневно се преви листа од предлози за тоа кој би сакале да пее на евровизиската сцена во Софија.

Се’ ова стартуваше со Сара Мејс како предлог, за подоцна, односно секојдневно да се вадат и осамнуваат нови предлог имиња.

Следна беше младата пејачка со извонреден вокал Ана Петановска, а потоа и исто така младата европска музичка победничка со македонско потекло и германска адреса – Тина Русева.


Следниот предлог, на изненадување беше веќе искусниот од евровисиска сцена на детска Евровизија, талентираниот Боби Андонов кој потекнува од Струмица, а е роден и живее во Мелбурн- Австралија.
Боби за само еден ден „им избега“ со лајкови на трите колешки, па од старт предничи како фаворит меѓу фановите кои го гледаат како артист кој со својот талент и искуство заслужува да биде наш претставник следната година како повртаници на Евровизија.

Инаку, 31 годишниот Андонов е роден во Мелбурн, Австралија од македонски родители што потекнуваат од Струмица. Тој настапувал уште од шест години, кога почнал со танцување и пеење во неговиот роден град Мелбурн. На девет години, глумел како Дени Зуко во детска продукција на мјузиклот Брилијантин. Живеел во Македонија на возраст од 13 до 15 години. Потоа тој бил избран да биде еден од четирите млади Симба во бродвејската продукција на Кралот лав во Мелбурн и Шангај, Кина.

На 13 години, Андонов ја претставувал Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2008 во Кипар. Од 15 држави, тој го освои петтото место со неговата песна „Прати ми СМС“, што доведе до европска турнеја низ Балканот. Во 2010, на 15 години, Андонов влезе во „Австралија има талент“.
За потсетување, Македонија последен пат настапи на „Евровизија“ во 2022 година, кога претставник беше Андреа Коевска со песната „Circles“, која беше избрана преку националниот избор за „Евросонг“. Највисокиот пласман за Македонија го освои Тамара Тодевска со „Proud“ во 2019 година, кога се пласираше на седмото место.
А за тоа како и кој ќе биде избран македонски претставник за Евровизија 2027 година, ќе видиме допрва…
фото:Instagram printscreen/esc.macedonia





