Радио Милева од почетоците

Александра Пријовиќ пред да запее во „Ѕвездите на Гранд“ се претставувала под сосема друго уметничко име

Александра Пријовиќ пред да запее во „Ѕвездите на Гранд“ се претставувала под сосема друго уметничко име

Александра Пријовиќ денес важи за една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, но малкумина знаат дека на самиот почеток од нејзината кариера, таа се претставила под друго уметничко име.

Имено, таа почнала да пее уште пред големиот успех во „Ѕвезде Гранда“, кога  имала сосема друго уметничко име.

По наговор на познат композитор, таа се претставила како Ани Пријовиќ, но подоцна решила да се врати на своето вистинско име.

– Тој прекар ми го даде Миќа Николиќ, кој ми напиша две песни кога имав 14 години – еднаш раскажа Пријовиќ во „Амиџи шоу“.

Да потсетиме, Александра сега е концентрирана најмногу на мајчинтвото откако пред неколку месеци се породи и доби второ дете, девојче кое го носи името Арија.

фото:Instagram printscreen/aleksandraprijovic

To top