Лице в лице

Горан Тонев во „Ништо лично“: „Бог ги прати во тој момент Моли и нејзината мајка да ме спасат, сега со нив сме семејни пријатели“ (ВИДЕО)

Горан Тонев во „Ништо лично“: „Бог ги прати во тој момент Моли и нејзината мајка да ме спасат, сега со нив сме семејни пријатели“ (ВИДЕО)

Во интер ток шоуто „Ништо лично“ гостуваше Горан Тонев,  момчето кое ќе го привлече вниманието на јавноста по неколку работи. Млад штипски рокер со академска диплома на дипломиран гитарист по класична гитара, но и пејач, учесник на „Макфест“ и во регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“. Последните години сепак ќе биде запаметен како гитарист во последната постава на придружниот бенд на дуото кое ја доживеа најстрашната и најтешка катастрофа заедно со повеќе од 60 млади луѓе онаа кобна мартовска ноќ во пожарот на клубот  „Пулс“ во Кочани.

За среќа, зашто како што самиот вели: „така сакал Бог“,  тој ќе биде еден од двајцата од придружниот бенд на ДНК кои во најтешката катастрофа го преживеаа пеколот во Кочани. По повеќе од еден месец минати во кома и долготрајно лекување во клиниките во Кочани, Скопје и Солун, се’ уште закрепнува од последиците, меѓу останатото и со својата гитара и музика со која полека се враќа на сцената со песната „Да си со мене“ која е негово прво ко-авторско музичко дело снимено само неколку дена пред катастрофата.

За прв пат по несреќата во едно комплетно интервју пред камери, тој ќе говори и засемејното музичко наследство, за почетоците и првите слушнати песни, за љубовта кон хард рокот и неговите омилени светски и домашни групи и гитаристи, за стиловите пво свирењето гитара, едукацијата и музичката академија, неговиот прв рок бенд, за соло кариерата, фестивалскиот обид  на Макфест и учеството во Ѕвездите на Гранд, за повикот да свири во придружниот бенд на ДНК…

Но и за деталите од кобната ноќ во клубот Пулс во Кочани, за тоа како успеал да го преживее пеколот на кочанската дискотека, за тоа кој го однел прв во болница, кога се разбудил од кома, кои биле првите зборови, кој и кога му соопштил за страшната судбина на колегите од групата и сите жртви во трагедијата, за физичкото заздравување и психичката состојба, за третманот на лекарите во клиниките во Кочани, Скопје и Солун, за втората шанса за живот што Бог му ја подарил и враќањето во нормален колосек, за контактот и средбата по заздравувањето со Ана Костадиновска – придружниот вокал на ДНК која покрај него уште само таа ја преживеа несреќата,  за музиката како лек за душата и идните планови како ќе ја продолжи и во кој правец ќе ја насочи музичката кариера…

Сето ова и уште некои помалку познати или сосема непознати детали за него и трагедијата во Кочани во покастот  „Ништо лично“ во продолжение, кој како и сите други досегашни изданија ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (.

 

To top