Разводот на Жика Јакишиќ и водителката Дајана Пауновиќ ги шокираше сите, а неодамна се појавија деталите за разделбата.
Многумина мислеа дека Дијана го напуштила водителот, но вистината е поинаква, како што неодамна проговори Јакишиќ.
– И двата пати одлучив дека сакам развод. Не беше лесно да се донесе таа одлука, ниту пак се носи во афект. Човекот прво мора да се бори да го спаси својот брак, но кога ќе види дека не може, треба да го прекине и да се обиде штетата да биде што е можно помала. Кога престанав да се чувствувам добро во моите бракови, излегов од нив. Не сакам да звучам како да се изговорувам, но навистина беше најдобро за сите. Ако е некаква утеха, имам одличен однос со двете поранешни сопруги, сè надминавме на цивилизиран начин – рече Жика и истакна дека беше најдобро за сите.

По разводот од Жика Јакшиќ, Дaјана целосно го промени својот животен пат. Откако се повлече од медиумите, водителката основа хуманитарна фондација која го носи нејзиното име и се посвети на хуманитарна работа и општествен ангажман, но речиси никогаш не зборува за својот приватен живот.
Иако долго време се шпекулираше дека е во емотивна врска со влијателен и богат маж, Дaјана отсекогаш била дискретна на оваа тема. Сепак, во едно од ретките интервјуа, таа призна дека била емоционално исполнета.

– Човекот што ми ја допре душата е повеќе од силен, храбар и паметен. Можам да ја опишам љубовта со него како удар од гром, а таа емоција се одразува секој ден од мојот живот. Не ја изгубив верата во бракот, поточно, не ја изгубив верата во љубовта – изјави еднаш за „Стори“, но сакаше да го задржи идентитетот на својот партнер за себе.
фото:Instagram printscreen/nikad nije kasno/dajana.paunovic







