Македонски традиционални вкусови, домашни специјалитети и внимателно избрани вина биле дел од заедничкиот ручек на премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во текот на вчерашната посета имал можност да вкуси дел од препознатливата македонска кујна, а на менито доминирале исклучиво автентични домашни јадења и традиционални вкусови. На трпезата биле послужени кебапи, ајвар, питулици, тавче гравче, сарми, овчо сирење и тиквици – комбинација која ги претставува богатството и разновидноста на македонската гастрономија. Јадењата биле подготвени од владината СОЗР.

Особено внимание привлекле македонскиот ајвар и тавче гравчето, во кои, според присутните, уживал и хрватскиот премиер кој побарал репете. Покрај храната, внимателно бил избран и пијалакот што ја придружувал гастрономската понуда. Со ручекот било служено македонско бело шардоне, ракија, а дел од трпезата било и црвеното вино – македонски вранец, едно од препознатливите домашни вина. Заедничкиот ручек, покрај дипломатските разговори и официјалната агенда, помина и во духот на македонското гостопримство, со акцент на традиционалната кујна и домашните производи.
Фото: Влада на РМ и AI/Chat GPT





