Пејачката Милица Павловиќ сподели видео на Инстаграм без ниту грам шминка и откри што ги предизвикало гребнатинките на нејзиното лице.
Имено, Милица станала сопственичка на пудлица која е сè уште кученце, и објавила видео со неа и покажала како си играат, но во таа прилика и како нејзиното ново милениче ѝ предизвикува помали повреди.
„Луѓето се прашуваат зошто сум црвена и од каде се овие гребнатини. Што ќе правиме со овие гребнатини на моето лице, прашувам? О“, му зборувала таа на кучето.

Патем, Павловиќ тврди дека од почетокот на нејзината кариера до денес, немала ниту една козметичка корекција на лицето.

– Немам ништо против козметичките процедури и оние девојки кои сакаат да ги прават. Јас не сум една од нив и засега не ми се допаѓа. Сакам да негувам природен изглед, свежина на лицето и природен тен без прекумерно потемнување. Иако мојата работа е доста заморна и стресна, првенствено поради затнатоста на просториите каде што настапувам, доцното будење и раното станување, фала му на Бога што сè уште не гледам никакви драстични разлики – рече таа.
Foto: Instagram/senoritamilica






