Компиментите редовно се слеваат на сметка на ТВ водителката Ирена Спировска која не за џабе важи за една од најзгодните од својата бранша.
Ирена наскоро во месец јуни ќе наполни 52 години, но овој број за неа како да воопшто не значи ништо. Водителката гордо си ги носи годините, но и спортскиот дух како планинар кој ја подмладува и и’ дава елисир без кој таа не функционира.
Дека е одмерена и нималку не настојува да ги потенцира своите физички квалитети, секогаш покажува од изборот на своите модни избори и стилски пречат, како за пред камери, така и од јавни настани каде се појавува.

Вчеравечер(21.Мај четврток) беше гостинка на роденденот на магазинот „Убавина и здравје“ каде покажа храбар избор со елегантен бел комплет од кој го истакна затегнатиот рамен стомак, па со пријателката придружничка беа стилски спој, едната во бело, а другата во црвено.

Сензуална, и нималку нападна, но за ваков вечерен аутфит со гол стомак, треба да се има храброст, но и тело како нејзиното.
-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата. Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив, вели своевремено Ирена за домашните медиуми.
Ќе се согласите дека за нејзините години изгледа подобро од кога и да било.
фото:Instagram printscreen/ irenaspirovska






