Нејзе актерството и е во крвта. Го носи во себе како семејно наследство, зашто дедо и Ацо Јовановски е македонска актерска легенда и еден од основоположниците на „Драмски театар“ во Скопје., а мајка и Силвија и татко и Ненад Стојановски – познати и признати македонски актери, како и нејзината сестра Ана.

Но, музиката е она нешто што најпрвин уште од мали нозе ќе ја заинтригира, па пијаното и нижото музичко училиште ќе и бидат некако патот по кој ќе посакува да тргне.

Прераната загуба со ненадејното заминување од овој свет на татко и – актерот Ненад Стојановски, ќе остави длабок траг во нејзината личност. Загубата е толку болна, тешка и длабока што ќе и требаат години, па и децении да се соземе и врати во нормален животен колосек, иако таа болна рана никогаш нема целосно да зацели.

Пошироката јавност најпрвин ќе ја запознае како Мис на Македонија во 2007 година, но во манекенските води нема да продолжи . Актерскиот ген и глумата како семејна професија која преовладува сепак „ќе пресечат“ и таа да стане актерка.

Со текот на годините покрај театарот ќе се сретне со филмската и ТВ камерата, па можеби најклучните улоги ќе ги одигра токму во ТВ филмовите и ТВ сериите дома, во Македонија, но и во соседствот, како во Србија и Белград, на пример.

Ќе стане запаметена по ликовите во ТВ филмовите: Како да ме нема, Епизодист, Скопје ремикс, Соба со пијано, Ослободување на Скопје, Златната петорка, Човекот што не беше таму, Помеѓу, Ефектот на среќа…

Или во ТВ сериите: Преспав, Сенки над Балканот, Конакот кај Хилмија, Црни…

Ќе предизвика голема медиумска бура, побуди огромен интерес, но ќе и донесе и голема популарност ликот на Јована и особено жестоките, но и брутални еротски сцени во серијата „Сенки над Балканот“, за кои ќе бруи и зборува целиот регион.

Уште од малечка ги сака животните па во нивниот семеен дом ќе престојуваат мноштво домашни миленичиња. Од кучиња, мачиња, хрчаци, желки, папагали… но сепак едно домашно животно целосно ќе ја опседне и тотално фасцинира.

Коњот и јавањето ќе и станат повеќе од пасија,па дури еден вид опсесија. Љубов, но и голема обврска која извесно време ќе прерасне во нераскинлива врска, емотивна симбиоза помеѓу неа и нејзиниот најверен четвороножен пријател.

Ќе замине да живее надвор од Македонија, ќе стапи во брак и пред околу шест години ќе се оствари и како мајка, откако на свет ќе го донесе своето синче кое ќе го добие името по нејзиниот покоен татко – Ненад. Сенките на животот ќе ја натераат да се врати во родното скопје и влезе во ансамблот на Драмскиот театар, но и во себе да ја разбуди старата љубов кон музиката.

Играњето во еден музички видеозапис и средбата со хармоникашот Мишел Павловски ќе ја возобнови старата идеја да направи група чија музика ќе почива на светскиот ромски етно мелос.

Најпрвин таа и Мишел како дуо, за потоа да се роди „Скопје Виа… џипси проџект“ – бендот во кој таа ќе биде главниот вокал и повеќе од тоа. Проект кој го замислила , како што самата вели како еден вид кабаретски мјузикл.

За детството и семејството, актерството и актерската традиција, за пијаното и музиката, за глумата, филмските улоги и ликовите во ТВ сериите, за љубовта кон животните, за животните премрежја, сите растежи и падови, за мајчинството и синот…

За родното Скопје, театарот и мјузиклот, за средбата со хармоникашот и идејата за џипси проектот и бендот, за пеењето, авторството, стиховите и песните, за Скопје Виа…

Екслузивно во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ како поткаст гостинка кај Антонио Димитриевски, македонската актерка и пејачка Јана Стојановска.
Премиерата оди вечерва, СРЕДА, 20 – ти мај со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (
Фото: Инстаграм/jana_sto_ja_nov_ska






