Мегафон враќање на голема врата...

Ристо Вртев и „Архангел“ со нова песна и најава за концерт на 13 јуни на стадионот на АРМ: „Дни оловни“ директно од нивната „Срцевина“

Ристо Вртев и „Архангел“ со нова песна и најава за концерт на 13 јуни на стадионот на АРМ: „Дни оловни“ директно од нивната „Срцевина“

По повеќе од 20 години од последенниот студиски албум на „Архангел“, Ристо Вртев и официјално се враќа на сцената со нова песна. Песната која неодамна се појави е насловена  „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е самиот Вртев, а тој заедно со придружните музичари од нова постава на бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје.

Очекувано и звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и симболика, толку карактеристична за Вртев. Песната концептуално го поврзува почетокот на 44-годишната кариера на авторот со нејзиното денешно продолжение. Песната како одраз на уметничката зрелост на авторот, во себе во целост ја задржува  впечатливата автентичност на музичкиот и лирскиот израз којшто е заштитен знак на Вртев и неговиот „Архангел“. Континуитеткој докажува дека остриот израз на бендот останува подеднакво релевантен и денес.

Песната е снимена, миксана и мастерирана во скопското студио „Клиник саунд (Clinic Sound)“ на Нино Спиркоски, а звук-дизајнот е на Марко Миличевиќ.
Објавувањето на „Дни оловни“ претставува вовед во новото музичко поглавје на Вртев и бендот пред средбата со публиката. На концертот, покрај генерациските хитови од досегашната дискографија, „Архангел“ премиерно ќе изведат и дел од новите песни во живо.


Снимањето и издавањето на новиот албум, како и организацијата на концертот, се реализира под капата на издавачката куќа „Адријатика рекордс (Adriatica Records)“. Влезниците за концертот „Срцевина“  се достапни онлајн на karti.com.mk и преку нивната продажна мрежа низ цела Македонија.

Фото: Facebook/Risto Vrtev

Аудио: YouTube/Архангел – Дни Оловни

To top