Радио Милева мистериозна

Сања Савеска назначи дека е недостапна жена: Водителката е слободна, но со заклучено срце?!

Сања Савеска назначи дека е недостапна жена: Водителката е слободна, но со заклучено срце?!

Иако во телевизиското водителство беше години пред да стане водителка на „Брза кујна“, Сања Савеска сега ја ужива својата најголема популарност откако влезе во тимот на едно од најгледаните клулинаски шоуоа кај нас.

А кога си популарен, јавноста секогаш сака да дозне нешто повеќе од она што е дел од приватноста. Сања отсекогаш била транспарентна за доста она што и се случува во секојдневието, а од истото и дел од познатото беше и нејзиниот љубовен статус од долгогодишната врска со неврохирургот Томи Камилоски.

За тоа дека им цветаат ружи во љубовта говореа и јавно, особено Сања која не ретко нагласуваше дека Томи е оној што знае да исцрта насмевска на нејзниното лице.

„Тој, кој што ги брка темните облаци од мојот прозор и ми носи сонце. Тој, што ми црта насмевка“, пишуваше шармантната водителка во една од објавите.

Арно ама, денес насмевската од лицето на водителката се уште ја има и тоа повеќе од вообичаено, но оној што го нема, барем не на профилот и од редовните објави на Сања, е токму Томи.

Веќе извесен период Сања најчесто е сама, во друштво на колеги, пријателки, кучето… а на една од своите последни и најнови фотографии каде е гостинка на свадба и во соло издание, нагласи сека е недостапна жена.

Томи навидум го нема, а дали решил апсолутно да не се појавува на социјални мрежи или „пукна романсата“, останува под знак прашалник?

Иако многумина очекуваа Сања по осумгодишната врска да облече венчаница и стане невеста, засега убавата водителка останува на својата позитива, доза мистериозност и „Брза кујна“…

Можеби и свадбата ќе биде „брза“, без оглед кој младоженец ќе го најде рецептот за патот до нејзиното срце!?

фото: Instagram printscreen/sanja_saveska

 

To top