Тамара Тодевска периодов делумно се повлече од социјалните мрежи, но дури и така успева да биде во фокус откако избриша се’ што имаше на својот Инстаграм профил, а остави само едно – најважното за неа, барем засега…
Претстојниот албум насловен „Кукла жива“, од кој почна да ги открива насловите на песните кои ќе се најдат на истиот.
View this post on Instagram
-Повеќе од стотина луѓе работат на мојот нов визуелен музички албум.10 песни. 10 приказни.
Еден цел свет наречен „Кукла жива“. Најдобрите македонски музичари, под креативната палка на Емин Џијан, создаваат нешто за кое отсекогаш сум сонувала. И ова е само почеток… Првиот сингл од албумот „ДИВА“ пристигнува многу, многу скоро- пишува Тамара.
Веќе познато е дека ќе ги слушнеме и : „Силни“, „Карма“, „Драма кралица“, „Брана“ и онаа од насловна „Кукла жива“, шест откриени засега, но меѓу нив и една посебна – дуетска со сестрата Тијана Дапчевиќ.
Тамара многупати изјави дека ако снима дуетска песна, тоа сигурно ќе биде со Тијана и никој друг, а оваа нејзина голема желба веќе се оствари.
Иако не сакаше да открие, враќајќи се од студио, Тијана направи видео и откри дека штотуку завршиле со снимање на дуетот на кој дополнително ќе се пртават студиски финеси.
По албумот „Еден ден“ од 2015 година, следи „Кукла жива“ , а како „шлаг на тортата“ закажан е голем концерт за 3-ти октомври во Арената Борис Трајковски.
фото: Instagram printscreen/tamaratodevska






