На првата полуфинална вечер од Евровизискиот натпревар, учесниците веќе предизвикаа голема возбуда на тиркизниот тепих. Овој пат, вниманието на јавноста беше насочено кон Тамара Живковиќ.
За потсетување, Евровизискиот натпревар официјално се отвори со парада на учесниците по тиркизен тепих. Во претходните години имавме можност да видиме беспрекорни креации и интересни модни изданија, а оваа година не беше исклучок.
Веќе го видовме шокантниот изглед на бугарската претставничка, Дарина Николаева Јотова, која се појави во фустан од коса.

Вниманието на јавноста го привлече и црногорската претставничка Тамара Живковиќ, која за оваа посебна пригода одлучи да носи костим изработен во готски стил.

Креацијата ја потпиша Миа Митановски, дизајнерка од Србија, чии креации доживеаа голем успех и на домашната сцена и во странство.

Како што можете да видите, станува збор за специфична комбинација од црна кожа и реси што ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура на Тамара. Интересен момент од ова издание беше долниот дел, поточно мрежестите чорапи што му дадоа на целиот стајлинг секси нота.
Црногорската претставничка го комплетираше својот изглед со шминка во темни тонови и права фризура исфенирана на фен, што исто така придонесе за впечатокот на темен гламур.
foto: printsceen/instgaram/montesong.rtcg/hypetvportal.rs





