Радио Милева бикини возбуда...

Пет македонски естрадно-телевизиски убавици сиот свој телесен раскош го распослаа во Анталија: Бикини сексапил, секоја во свој стил! (ВИДЕО)

Пет македонски естрадно-телевизиски убавици сиот свој телесен раскош го распослаа во Анталија: Бикини сексапил, секоја во свој стил! (ВИДЕО)

Како што веќе пишувавме и годинава една позната скопска туристичка агенција во рамките на сопствениот маркетинг, однесе ркипата познати и популарни фаци составена од македонската естрада, ТВ лица, водителки, новинар(к)и на отворање на сезоната на море, во Турција… Изборот на локацијата овој пат падна на Анталија, а составот  на екипата правен по личен вкус, ама затоа пак вкусот ептен погоден кога е убавината во прашање.

Меѓу сите нив и пет познати македонски убавици, секоја во својата бранша доволно попопуларна и позната. Вера Мештеровиќ, Лара Иванова, Теа Трајковска, Ивана Јанковска и Ема Вандера се повеќе од атрактивни дами,  кои зрачат со својот сексапил и телесна убавина, која е евидентна и на далечина, а камо ли одблизу

Нивната публика е навикната на ТВ, во спотовите или на сцената да ги гледа во разни модни изданија, ама затоа овој пат петте познати убавици решија да им приредат вистинска летна бикини возбуда на нивните обожаватели и следбеници.

„Старс“ водителката Ивана Јанковска покажа дека колку што атрактивно изгледа на телевизија, уште позаводливо и посекси изгледа кога оди на плажа.

Црни бикини со златен брош меѓу градите и изглед од кој „од памет ќе се извадите“… Од еротска возбуда, се разбира, од која секое вистинско машко, останува со падната вилица… до колена!

Водителката на Утринската на ТВ Канал 5 , Вера Мештеровиќ има повеќе искуство во бикини разголувањето… И заради возраста и заради инфлуенсерската улога во последно време.

Овој пат распослана на лежалка во „старо злато“ бикини, ги споделила своите телесни адути и облини. Убавата заоблена задница и во неа потонатата танга од бикини гаќичките, долгите нозе и извајаното тело – вретено на кое се надоврзало убавото лице на водителката. Само еден поглед на неа и возбудата е комплетна!

За  пејачката Лара Иванова и не треба многу да се зборува, зашто за нејзиниот телесен изглед оддамна нештата се јасни. Само еден поглед на бикини фотографиите и сликата сама кажува со каква раскошна убавина – дар од мајката природа, Лара располага. Долги нозе, складно тело, однапред доволно бујни гради, извајана задница одзади, во која впечатливо се скриле гаќичките од црните бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lara Ivanova (@_lara.iv_)


Слична на неа, нејзината колешка, Теа Трајковска. Само малку поразличен модел, во поинакво пакување. Русокосо-виолетовата пејачка, во зелени бикини и бела кошула, со својот телесен раскош спакуван во поинаков стил крај базенот, исто така ќе ви го разубави денот. Телесна понуда која еднакво буди возбуда, чиј сексапил и од авион се гледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Иако сите четири познати убавици имаа заедничка цел – да го исончаат и наполнат телото со витамин Д, па така подготвени да го дочекаат вистинското лето, црномурестата ТВ водителка Ема Вандера Блажеска од нив по две нешта се разликува.

Како прво, не е Македонка туку само македонска снашка, а како второ,  нејзе сончањето не и е неопходно. Иако има тело за насловница од модните магазини, заради природата на  бојата на кожата, на Емче не и нужно да се соблече во бикини. Затоа водителката низ сончевата Анталија се шетала само онака, лефтерно облечена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emm Blazeska (@emmwandera)

Арно ама,  тоа не значи дека и на Емче нема да и здожеже, па затоа минимално променета во топ и кусо фустанче со реси како боцкаво еже, спасот го најде на најнеобично место.

Додека сите се сончаат, а потоа во морето или во базенот се ладат, Емчето – прц, се лади испружена во празна када!

Како и да е, меѓу сето останато што го направија, познатите естрадно-телевизиски Македонки и сиот свој телесен раскош го распослаа во Анталија, споделувајќи бикини сексапил, секоја во свој стил!

Фото: Инстаграм/jankovska__i/_lara.iv_/theatrajkovska/emmwandera/veramesterovic

 

 

 

 

 

To top