Пејачката Ана Бекута ја изненади јавноста со својата одлука целосно да се повлече од социјалните мрежи бидејќи тие ја оптоваруваа и ѝ го крадеа драгоценото време.
Иако долго време ја убедуваа да се прилагоди на дигиталните трендови и да стане активна на сите платформи, Бекута донесе радикална одлука да каже „не“ на виртуелниот свет и да се посвети на читањето.
– Па, немам конкретно мислење, ме наговорија прво да отворам Фејсбук страница, потоа Инстаграм, сега ме тераат да отворам Тикток страница, не ми паѓа на памет… – изјавила пејачката.

Таа додаде дека социјалните медиуми почнуваат премногу да ја оптоваруваат и дека ѝ го троши времето.
– Ќе го исклучам и Инстаграм, не ми треба, ме оптоварува, ми го одзема времето. Се наоѓам себеси како бесцелно скролам, скролам низ работи. Не знам зошто, наместо да земам книга за читање – беше искрена Ана за „Премиер“.
Foto: Instagram printscreen/anabekuta1




