Радио Милева другата страна на приказната

Марија Спасовска одговори зошто ја растурија дует калимерата со Давид Темелков (видео)

Марија Спасовска одговори зошто ја растурија дует калимерата со Давид Темелков (видео)

Секоја приказна има две страни, па така и онаа за несудениот дует на младата пејачка Марија Спасовска и пејачот Давид Темелков.

Песната иако беше готова и спакувана во целост, истата не ја здогледа светлината на денот, барем не во тој музички спој.

Давид Темелков и Марија Спасовска ја расипаа калимерата: Наместо дует, стана погрешен музички излет

Откако Давид неодамна преку својот Фејсбук профил обзнани дека со Марија ја растурија калимерата за песната „Скопје го сакам ради тебе“, наведувајќи дека  се на различна ферквенција кога е професионалниот однос во прашање, сега за првпат се огласи и Марија гостувајќи во утринската програма на Канал 5 телевизија каде кажа:

-„Скопје го сакам ради тебе“, песна која што е  една од најубавите, најзрелите, најемотивните  песни што ги имам направено. Тоа е песна која што исклучиво треба да се гледа низ призмата на љубовта, уметноста и убавината. Во оваа ситуација имам чувство дека за жал се гледа малку низ призмата на бизнисот и тоа е единственото нешто што мене малку не ми прилегаше. Песната беше снимена, подготвена целосно, спотот се подготвуваше во последните денови на монтажа. Давид беше дел од мојата промоција каде што нели, го искоментиравме целиот процес на создавање. – одговори Марија на прашањето на водителката.

Вака или онака, „Скопје го сакам ради тебе“ е готова за да допре до увото на слушателот, па како што вели и самата Марија преку призмата на љубовта и уметноста, ова музичко парче веројатно ќе го најде вистинскиот пат или вистинскиот колега за да прозвучи во целост.

фото:Instagram prontscreen/marija.spasovska/davidtemelkov_official

To top