Откако пред неколку месеци за јавноста ја обзнани својата љубовна врска со музичарот Рубин Размо, фолк пејачката Анета Љумаковска веќе извесен период ужива да покажува дека на љубовно поле и цветаат ружи.
Дека по разводот во љубовна е исполнета и го нашла оној вистинскиот за себе, познатата битолчанка во секоја прилика милува од своите објави на социјалните мрежи да покажува дека со саканиот Рубин е секаде и секогаш.

За да имаат како љубовен, така и професионален спој, Анета реши да формира нов бенд со кој ќе настапува, а во истиот ќе биде Рубин, но и некои од членовите на група „Молика“.

Ането и Рубин ја користат скоја прилика за создавање заеднички фотки, а во фокус тие – вљубените гулапчиња, па профилите на социјалните мрежи на пејачката наликуваат на љубовен фото споменар.

Во љубовен, професионален, а од поново време и во стилски спој кој може да се види скоро од секоја фотографија.

Ако тој носи црно, носи и таа, ако и двајцата се спортски, капчето не е исклучено и за едниот и за другиот.

За дневна варијанта за прошетка или кафе на отворено, тогаш изборот им е џинс стајлиг со бели маички.

Дека и тоа како се надополнуваат во секоја смисла, и повеќе од очигледно, а ова дополнително покажува дека Ането и Рубин одлично се разбираат и кога треба да се договорат за било што, па дури и кога облеката е во прашање.
фото: Instagram printscreen/anetaljumakovska2701



