Радио Милева човечкото тело како уметнички мотив

„Мет гала“ – црвен килим со музејска изложба

„Мет гала“ – црвен килим со музејска изложба

Овогодишната тема „Costume Art“ на престихната „Мет Гала“, го стави фокусот на телото како уметничко платно, а црвениот тепих беше претворен во своевиден жив музеј.

Најголемите ѕвезди пристигнаа во изданија што балансираа меѓу високата мода и уметничките инсталации, додека настанот повторно имаше и хуманитарна димензија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala 2026 (@metgalaofficial_)

Дрес-кодот „Fashion Is Art“ им даде на гостите голема слобода на интерпретација, што резултираше со низа смели и концептуални изданија. Целта не беше буквално да се копираат уметнички дела, туку преку модата да се истражи односот на телото, идентитетот и естетиката.

Многумина се одлучија за реинтерпретација на славни уметнички дела, додека други понудија футуристички или речиси скулптурални креации. Црвениот тепих така функционираше како продолжение на музејска изложба, бришејќи ја границата меѓу набљудувачот и експонатот.

Еден од најзабележителните моменти беше враќањето на Бијонсе по десет години отсуство, и тоа во улога на домаќинка на вечерта. Нејзиниот кристален фустан инспириран од скелет совршено се вклопи во темата што го истражува човечкото тело како уметнички мотив.

На црвениот тепих се истакнаа и бројни други гости, од раскошни историски референци до футуристички интерпретации на модата. Галата повторно ја собра глобалната елита од светот на модата, филмот и музиката, потврдувајќи го својот статус на настан на годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala 2026 (@metgalaofficial_)

Зад гламурот стои и клучна цел – собирање средства за Костимографскиот институт. Овогодишното издание донесе рекордни износи, со цени на билетите што достигнуваа и 100.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala 2026 (@metgalaofficial_)

Во исто време, отворањето на нови галериски простори дополнително ја нагласи важноста на модата како рамноправна уметничка дисциплина во рамките на музејот.

фото:instagram printscreen/metgalaofficial_/beyonce/Eyewitness News ABC7NY

To top