Секогаш одмерна и со умерен ритам од се’она што прави, токму така можеме да ја опишеме ненаметливоста на ТВ водителката Александра Пановска Илиевска.
Ако од нејзините колешки редовно можеме речиси секое утро да видиме сексапилни и провокативни модни изданија колку што дозволува појавувањето на утринска емисија, за Александра тоа не е случај или пак е многу ретко, баш како сега.

Овој пат, Александра за изненадување избра моден свилен деколтиран фустан со детали од талтела, а целосниот изглед го заочкужи со беж сако.
Па како што редовно има пракса, позираше од дворот на матичната телевизија, и порача едно:
-Потсети се на убави моменти, уживај овде и сега. Се дружиме на Канал 5, напиша Александра позирајќи под утринското сонце кое за неа е доволна причина за позитива.
View this post on Instagram

Кај неа едно нешто никогаш не е повеќе и не е излишно и секогаш е задолжителен аксесоар.
Александра едно нешто прави повеќе од сите останати- кај неа доминира насмевката, секаде и секогаш, па токму тоа ја прави своја и единствена.
фото:Instagram printscreen/aleksandra_panovska_ilievska






